31/07/2024
„Убиецот кој не ме УБИ“ од Ивана Милошевска!
Чест ни е што можевме да ја поддржиме Ивана Милошевска во издавањето на нејзината прва книга.
Ова дело ја опишува нејзината лична борба,
поттикнувајќи надеж и сила кај сите кои се соочуваат со слични предизвици.
Како спонзори на оваа книга, со задоволство ја прифативме молбата на Ивана и со гордост го отпечативме нејзиното дело кај нас.
За сите заинтересирани, книгата можете да ја купите директно од Ивана Милошевска.
Вашата поддршка значи многу!