ЕУСАИР опфаќа десет земји: четири земји-членки на ЕУ (Хрватска, Грција, Италија, Словенија) и шест земји кои не се членки на ЕУ (Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Република Северна Македонија, Сан Марино, Србија).
ЕУСАИР е една од четирите макро-регионални стратегии, која е воспоставена во 2014 год., додека членството на Северна Македонија во Стратегијата започнува во 2020 год.
Општата ц
ел на ЕУСАИР е да го промовира економскиот и социјалниот напредок и раст во Јадранско-јонскиот регион преку подобрување на неговата атрактивност, конкурентност и поврзаност. Земјите имаат за цел да создадат синергии и да ја поттикнат координацијата меѓу сите региони во Јадранско-јонската област во четирите тематски области/столбови на дејствување:
- Син раст,
- Поврзување на регионот,
- Квалитет на животна средина и
- Одржлив туризам.
Со оглед на нејзината структура, Стратегијата исто така придонесува и за понатамошна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
МИСИЈАТА НА ЕУСАИР:
Поврзување на луѓето и институциите за да се изгради заедничко разбирање за соработка за хармонизиран, интегриран и одржлив регион.
ВИЗИЈАТА НА ЕУСАИР:
Заеднички решенија на повеќе нивоа за заеднички предизвици кон посилен јадрански јонски регион.