01/01/2026
Еве неколку фотографии со што Би сакале да упатиме благодарност до Македонското друштво „11 Октомври“ – Солинген, до претседателот Миле Николовски, исто така Јулијан Николовски и до сите членови на друштвото, за поканата, гостопримството и одличната атмосфера на новогодишната вечер.
Ни беше чест и задоволство со нашата музика да бидеме дел од ова прекрасно дружење и заеднички да ја дочекаме Новата 2026 година.
Од срце ви посакуваме многу здравје, успех и уште многу убави собири исполнети со македонска песна и традиција.
Голема благодарност од Група Плетенка 🎶🇲🇰
Исто така би сакале да им се заблагодариме на сите семејства, младенци, пријатели и домаќини кои ни ја укажаа честа да бидеме дел од нивните најубави и најсреќни моменти во изминатата година.
Вие сте причината поради која музиката ја носиме со срце и со душа каде и да сме!
Во пресрет на Новата година, ви посакуваме многу здравје, љубов, радост и бериќет, а домовите да ви бидат исполнети со среќа, песна и убави спомени.
Нека 2026 година ви донесе уште повеќе поводи за славење – а ние со радост ќе бидеме повторно со вас.
Среќна Нова година и голема благодарност од срце,
Група Плетенка 🎶🥂