Officestore - DOO BARBI Bitola

Officestore - DOO BARBI Bitola Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Officestore - DOO BARBI Bitola, Screen Printing & Embroidery, 11-ти Октомври 2а Битола, Bitola.

ДОО „Барби“ работи од 1991 со два продажни простори. Нуди канцелариски материјали, мебел, апарати и консумативи, печатење (дигитално, сито, широк формат), изработка на печати, гравирање, рекламен и промотивен материјал и училишна опрема. ДОО „Барби“ како фирма работи од 1991 година и располага со два продажни простори. Во нашите продавници нудиме комплетна линија на канцелариски производи, електро

нски апарати за канцелариско работење и консумативи, како и канцелариски мебел.

УСЛУГА
Продавниците преку своите бизнис центри, во можност се да понудат и услуги како што се изработка на визит карти, фотокопирање, вкоричување, ламинирање, изработка на печати, натписи на рекламен материјал и пропагандна галантерија и слично.

ИЗГЛЕД
Продавниците се чисти и атрактивни со модерен дизајн, со светли и пријатни бои, со карактеристичен широк асортиман на производи и се наоѓаат во централното градско подрачје.

🎄 Мир Божји – Среќен Божик!Нека овој Божик ви донесе мир што се чувствува,топлина што останува и надеж што тивко го осве...
07/01/2026

🎄 Мир Божји – Среќен Божик!
Нека овој Божик ви донесе мир што се чувствува,топлина што останува и надеж што тивко го осветлува секој нов ден.
Нека домот биде исполнет со спокој,а годината што следи со здравје, стабилност и добри почетоци.
Ви посакуват Officestore - DOO BARBI Bitola

✨ Среќна Нова Година! ✨Ви благодариме за довербата, соработката и поддршката во изминатата година.Нека Новата година ви ...
01/01/2026

✨ Среќна Нова Година! ✨
Ви благодариме за довербата, соработката и поддршката во изминатата година.
Нека Новата година ви донесе здравје, успех, нови можности и многу убави моменти – и приватно и деловно.
Со почит и благодарност,
Officestore - DOO BARBI Bitola

01/09/2025

Со првото ѕвонче се буди споменот ....

Пред вратата- чаша вода, истурена со љубов, за среќа и пат кон знаење.
Рацете на мама треперат, тато тивко се насмевнува, емоциите се мешаат и преплавуваат како училишниот дворот исполнет со детски џагор и смеа.

Очиња полни со љубопитност и малку трема, а срцето чука како ѕвончето пред првиот час. И таму, на прагот од училишниот свет се случува магијата: првото другарче, првата насмевка, и едно мало прваче со ранец — полн среќа.

А нам? Нам кои ги гледаме ни останува да се радуваме и да ја почувствуваме носталгијата за најубавите школски денови, мирисот на нови тетратки, неиспишани страници, и години исполнети во безгрижност и среќа. И стих што не враќа во тоа време: Брзај, брзај прваче…

Им посакуваме на сите првачиња светол и радосен пат!
А на сите ученици година полна со знаење, другарство и убави спомени.
Ние сме тука да го поминеме секој чекор со вас — од првиот збор во букварот, до последната точка во дипломата… и понатаму.
Со љубов, вашите Office Store и Барби 💙
#СреќенПочеток #УчебнаГодина #Прваче #1Септември #МирисНаТетратки

Среќен 8-ми Март на сите жени!На мајките, ќерките, сестрите, пријателките, партнерките, лидерките, хероините на секојдне...
08/03/2025

Среќен 8-ми Март на сите жени!

На мајките, ќерките, сестрите, пријателките, партнерките, лидерките, хероините на секојдневието – овој ден е посветен на вас! Бидете горди на својата сила, нежност и љубов што ја ширите во светот. Продолжете да блескате, да се борите за своите соништа и да инспирирате со секој чекор!

Вие сте важни.
Вие сте непроценливи.
Вие сте моќни.

Жените се срцето на нашиот тим – со нивната посветеност, труд и енергија, правиме разлика секој ден! Тие се силата што ја движи нашата фирма напред – со знаење, храброст и несебична посветеност. Благодарни сме за секоја жена во нашиот тим, за нивниот труд, идеи и инспирација што ја носат во секојдневната работа.

Секој ден е ваш, но денес се слави она што вие сте – извор на сила и инспирација!

01/03/2025
„Ретко е да си редок“Со гордост ја поддржуваме кампањата „Ретко е да си редок“, која има за цел подигнување на свеста и ...
26/02/2025

„Ретко е да си редок“
Со гордост ја поддржуваме кампањата „Ретко е да си редок“, која има за цел подигнување на свеста и поддршка за лицата со ретки болести. Нашата фирма, Office Store, и ДОО БАРБИ- Битола веруваме дека секој заслужува внимание, разбирање и помош тогаш кога му е најпотребно!!
Заедно можеме да направиме разлика!

Грижата за нашите купувачи е наш приоритет! Затоа и оваа година сме дел од саемот за канцелариски материјали, каде што б...
21/02/2025

Грижата за нашите купувачи е наш приоритет! Затоа и оваа година сме дел од саемот за канцелариски материјали, каде што бараме најдобрите решенија за вас и вашите канцеларии. Наскоро очекувајте нови производи што ќе ја олеснат и подобрат вашата секојдневна работа и вашето секојдневие!

Со топлина во срцата и радост во душата, од нашиот тим до вас, ви посакуваме благословен Божиќ и среќни празници!Нека ма...
07/01/2025

Со топлина во срцата и радост во душата, од нашиот тим до вас, ви посакуваме благословен Божиќ и среќни празници!
Нека магијата на Божиќ ја исполни вашата година со љубов, мир и успех.
Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и со нетрпение очекуваме да ги споделиме новите успеси заедно.

Ви испраќаме најискрени желби за прекрасни празници!

Вашата БАРБИ

Среќни празници Ви посакува тимот на ДОО БАРБИ и Officestore  - Бидете ни здрави, живи и среќни! Се гледаме во новата !
30/12/2024

Среќни празници Ви посакува тимот на ДОО БАРБИ и Officestore - Бидете ни здрави, живи и среќни! Се гледаме во новата !

Address

11-ти Октомври 2а Битола
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00
Saturday 09:00 - 15:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Officestore - DOO BARBI Bitola posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share