13/11/2025
Почитувани,
Печатница Европа 92 како издавач на новата книга на авторот м-р Владимир Панчевски:
„Кривичен законик, временско важење на казнените одредби и примена на поблаг закон (1996–2026) – со коментар“
Ве поканува на промоција на:
📅 18 ноември 2025 (вторник)
🕒 19:00 - 20:00 часот
📍 Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје
Настанот ќе биде збогатен со излагања и стручни осврти од рецензентите на книгата:
• Ставре Џиков
• д-р Бранко Секуловски
• Лејла Кадриу
• Михајло Маневски
По промотивниот дел следува коктел и дружење со присутните.
Влезот е слободен.