16/06/2026
❤️Охридска романтика на Охриѓани❤️
Љубовно писмо од Климе до Мара од Прилеп
Ех мори Маро, поминале 2 недели од ко те испратив со Галеб назад за Прилеп, последен опуљ ти фрлив низ пенџерчето спотнато и те гледав дури замина онде на кружноно за Велгошти. Немав пари за такси па пешки се вратив назад, врнеше туриваше ама аку, се изводенав дури во гаштиве и еве после 2 недели уште сум туршија, ама не е опасно, ќе ми поминит, секој ден матам ракија за реумава, ама и да заборам на твојата мирисба.
Слатко мирисаш како Коселскиот вулкан после пролетските дождој. Мораше да се вратиш дека таткоти ти викаше да го вадиш тутунот, ми викаше и ти мене ама не дојдов, имам многу работа ваму. Еве овие 2 недели веќе 2 пати бев наработа, по 2-3 сати ама многу ми е мака душо вервиме, можда од настинкава. Пред некој ден бев накафе кј другарон Мирче, живит онде кј црногорцине, од калој неможев да поминам, ама калојте ме подсеќат на тебе и на твојата боја на кожата, а оградана кј касрнана на твојте заби убави и жолти.
Ех Маре, Маре, ти ме збесна, незнам кј терам овие дена, пијан сум од љубовта твоја и од ракијана Велгошка од баба. Очите ти се 2 кајчиња а веѓите ти се бранови пред бура, телото ти е како Туристичка, право и убаво а газот ти е ко дупкине Бејбунар. Глата ти е ко Галичица во Ноември, а косата ти е како првиот снег на Петрино, носот ти е како угорницине низ Варош а рацете ти се пистана од аеродромон.
Кј и да се свртам све ме подсеќат на тебе, еве надвор се пулам и гледам комшијана влегвит во полскион со весник враце, па дури то ме подсеќат на тебе, на нашите убави моменти.. Леле Маре, дури ти пишам закачив уште едно шише ракија, сега ќе си легнам и ќе сонвам за нас, за тебе кј шо вадиш тутуни и се кљашкаш со водата. Сега немам пари да дојдам прилеп, ама баба ќе земит на 25ти пензија, па ако не ги испијам ќе дојдам кј тебе. Да го видам и Прилеп твој, да не велиш после вака така хехе!
Така Маре, поздрав и до таткоти, терсене чоек е, нит се водит нит се терат, се искаравме преку телефон и го пцуев, имај го на мукает! Се надевам не ми се љутит, ама и да се љутит нек му стојт зш нашата љубов никој немојт да ја спречит! Ете писмото да мирисат на мене, капнав тро од ракијава…
Твојот Климе ❤️