11/08/2026
Одлична можност за сите мали и средни компании!
Во Media Consulting веруваме дека информираните и усогласени компании се основа за градење доверба, силен бренд и долгорочен успех.
Токму затоа ја споделуваме информацијата за бесплатната еднодневна онлајн обука „Consumer Law Ready“, наменета за малите и средните претпријатија.
Организација на потрошувачи (ОПМ), како национален партнер во рамки на европската програма Consumer Law Ready (CLR), ја организира обуката со цел да им помогне на компаниите подобро да ги разберат и применуваат правилата за заштита на потрошувачите, да ја подобрат усогласеноста со законската регулатива и да изградат поголема доверба кај своите клиенти.
Consumer Law Ready е европска програма финансирана од Европската комисија, насочена кон јакнење на знаењата на малите и средните претпријатија и унапредување на нивната усогласеност со европските стандарди во областа на потрошувачкото право.
Обуката ќе се одржи онлајн преку ZOOM, на 2 септември 2026 година, од 10:00 до 16:00 часот, на македонски јазик.
По успешно завршување, учесниците ќе добијат сертификат за учество, со дополнителна можност за стекнување и сертификат за постигнување во областа на потрошувачкото право преку успешно полагање на тест.
Рокот за пријавување е 1 септември 2026 година.
Детали за обуката и пријавувањето:
https://opm.org.mk/javen-povik-za-uchestvo-na-obuka-za-consumer-law-ready-za-mali-i-sredni-pretprijatija-msp/
Ваквите иницијативи се важен чекор кон создавање поконкурентен, професионален и одговорен бизнис-сектор.
За компаниите, познавањето на правата на потрошувачите и усогласеното работење не се само законска обврска. Тие се дел од начинот на кој се гради доверба, се зајакнува репутацијата и се создаваат долгорочни односи со клиентите.
Ги повикуваме малите и средните претпријатија да ја искористат оваа можност и да се пријават навреме.
Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) поканува по еден претставник од малите и средни ...