Кои сме ние
На почеток Ви изразуваме благодарност за укажаната доверба и внимание која ни ги давате, со самото читање на овој текст.
Во прилог Ви предаваме краток опис за делокругот на работењето и активностите на СИТОГРАФИКА Небојша ДООЕЛ Скопје.
Ситографика како фирма е позната на македонскиот пазар и пошироко по своето работење повеќе од 20 години.
Основана во 1991 година, Ситографика се
јавува како логистика во доменот на промотивните активности, рекламната дејност и презентацијата на фирмите, друштвата и секако и во активностите на голем дел од асоцијациите, спортските клубови и воопшто на македонското стопанство во општествено економските дејности.
Вообичаено, почнувајќи од секојдневните материјали кои наоѓаат примена во рекламата, како што се пенкала, запалки, маици, капи и целокупниот промотивен материјал, печатење на истите во соодветни техники (сито печат, тампон, сублимациски материјали, дигитален и офсет печат итн.), подготовка и печатење на разновидни флаери, папки и друг печатен материјал, изработка на фирми, светлосни и друг вид реклами, паноа и сл., Ситографика презема и се јавува како логистика при реализирање на општи и наменски кампањи.
Во текот на своето долгогодишно работење Ситографика-Скопје секогаш се труди да ја следи својата основна идеа: да ги реализира сите ваши замисли и фантазии.
За таа цел, постојано ги следиме напредокот на технологијата во доменот на печатењето на разнородни материјали и подлоги, развојот на боите и употребата на разновидни ткаенини, хартии и картони,транспарентни материјали.
Всушност, ја следиме секоја новина од аспект на подобрување и примена на нови производи и материјали во доменот на рекламата,презентацијата и останатите промотивни акивности.