26/03/2026
Дизајн што предизвикува апетит! 🥐🍪
Изминатите неколку месеци имавме супер предизвик: во соработка со нашиот клиент 4U, брендот на популарниот Dinev да го преточиме во физички производ што изгледа подеднакво возбудлив како неговата содржина.
Сакавме да креиравме дизајн на пакување кој не само што ќе привлекува внимание, туку ќе создава и емотивна врска со конзумерите.
Па така, дојдовме до решение дизајнот да преовладува со „лични“ детали - рачно нацртаните doodle елементи и разиграната интеракција на маскотата со производот за да ја постигнеме целта - дизајнот да „зборува“ со Gen Z генерацијата.
Горди сме на оваа соработка! 🚀