Chapter 4 Macedonia

Chapter 4 Macedonia Нашиот бизнис: Креираме влијание.

Секогаш е добро да се има плус „два пара очи” кога треба да се донесат стратешки одлуки во бизнисот. Па уште ако тие „оч...
05/06/2026

Секогаш е добро да се има плус „два пара очи” кога треба да се донесат стратешки одлуки во бизнисот. Па уште ако тие „очи” се лидери во конкретната област – бинго!

Консултантската професија постои затоа што компаниите имаат РЕАЛНА потреба од консултантските услуги во ова време на инстантни промени.

Навистина ни беше чест што се најдовме во улога на медиа партнер на МКА 2000 по повод одбележување на Меѓународниот ден на консултантите 2026, посветен на улогата на консалтингот во развојот, иновациите и AI трансформацијата.

https://www.facebook.com/share/p/1EGfWfje94/

Со задоволство го истакнуваме Chapter 4 Macedonia како медиа партнер на настанот Меѓународен ден на консултантите 2026, посветен на улогата на консалтингот во развојот, иновациите и AI трансформацијата.

Chapter 4 Macedonia е комуникациска агенција која работи во областа на односи со јавност, бизнис консалтинг, маркетинг и јавни работи, како дел од поширока регионална мрежа во Централна и Југоисточна Европа.

Им благодариме на Chapter 4 Macedonia за довербата и поддршката.

📜 Се' започна со нивната мудрост.Сесловенските просветители Кирил и Методиј нè подучија дека културата и јазикот се срце...
24/05/2026

📜 Се' започна со нивната мудрост.

Сесловенските просветители Кирил и Методиј нè подучија дека културата и јазикот се срцето на народите. Ја создадоа првата словенска азбука, глаголицата, а со тоа на говорењето му дадоа форма, глас и душа.

Како агенција која секојдневно ја обликува јавната свест преку моќта на зборовите, со огромна почит се поклонуваме пред нивниот завет. Света задача за секој од нас на овие простори треба да биде заштитата на јазикот преку негова секојдневна соодветна употреба.

Честит 24 мај!

#кирил #методиј #јазик #писменост #култура

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен „The Distinguished Gentleman’s Ride“, годинава го прослави своето...
19/05/2026

Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен „The Distinguished Gentleman’s Ride“, годинава го прослави своето јубилејно 11-то Скопско издание.

Пред 11 години, Скопје официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата во борбата против машките болести.

Препознавајќи ја важноста за подигнување на свеста кај машката популација, Chapter 4 Communications Macedonia застана зад овој настан обезбедувајќи поддршка во делот на комуникациите и односите со медиумите.

Звукот на моторите од скопските улици стивна, но разговорот за машкото здравје продолжува – а ние сме тука тој да биде погласен од кога било!

#здравје #свест

Инклузија. Колку убав збор за добар почеток на работната недела.Одличен потсетник дека најуспешните проекти не се градат...
11/05/2026

Инклузија. Колку убав збор за добар почеток на работната недела.

Одличен потсетник дека најуспешните проекти не се градат само со стратегија, туку и со отворање простор за сите.

Сега, кога работиме на иницијатива која го зајакнува гласот на ромската заедница, повторно и повторно сфаќаме дека комуникацијата е најуспешна кога е двонасочна, отворена и инклузивна.

#инклузија #стратегија #комуникација

По успешно одбранетата студија на случај за компанијата Х, нашиот Todor Stojcevski Тодор Стојчевски се стекна со меѓунар...
27/04/2026

По успешно одбранетата студија на случај за компанијата Х, нашиот Todor Stojcevski Тодор Стојчевски се стекна со меѓународно признатиот CMC® сертификат за работење како консултант, благодарение на Асоцијацијата на Менаџмент Консултанти (МКА 2000).

Во иднина, клиентите на Chapter 4 Communications MKD ќе добиваат надградена консултантска услуга при реализација на проектите за видливост и промоција во јавноста.

Честитки до Тодор, а до нашите клиенти — let's level up together!

#СМС #МКА2000

🎓 Ако планираш да студираш во странство, дознај зошто тоа да биде во Словенија - присуствувај на Инфо денот на Факултето...
25/04/2026

🎓 Ако планираш да студираш во странство, дознај зошто тоа да биде во Словенија - присуствувај на Инфо денот на Факултетот за применети општествени студии (Fakulteta za uporabne družbene študije (FUDŠ) - 18.05.2026 во 19:00ч во хотел Солун (Скопје).

📧 Регистрирај се на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeoVQR3NSloHFmlzZ3iOU8etHSNdEWC3IkxCRusYIi_Rj8Yxw/viewform

#уписи #Словенија #студирајвословенија

🏛️ Како членка на Друштвото на македонски и словенечки стопанственици, вчера присуствувавме на седницата на основачи, го...
21/04/2026

🏛️ Како членка на Друштвото на македонски и словенечки стопанственици, вчера присуствувавме на седницата на основачи, годишното Собрание и на словенечкиот бизнис појадок.
✅ По реизборот на Управниот и Надзорниот одбор, ги заокруживме успешните активности од изминатите четири години и со оптимизам гледаме кон новите предизвици.
🤝 На појадокот, отворен од Н.Е. Грегор Прескер, се поврзавме со дипломатските претставници и потенцијалните бизнис партнери а се претстави и бизнис‑културата на Словенија во Македонија.
🎉 Честитки на сите избрани членови и успешна работа на ДСМС клубот - погледнете ги фотографиите од настанот:

Денес славиме затоа што секој следен „chapter” треба да биде покреативен од претходниот. Во 2017 година, Генералното соб...
21/04/2026

Денес славиме затоа што секој следен „chapter” треба да биде покреативен од претходниот.

Во 2017 година, Генералното собрание на ОН го прогласи 21 април за Светски ден на креативноста и иновацијата, поставувајќи ја следната мисија: на креативноста да се гледа како на движечки агенс на нештата.

Реално, што би без динамиката на креативноста?

Драги пријатели, клиенти, соработници, колеги, честит Велигден на сите оние што славите! Како што е редот, Ви посакуваме...
12/04/2026

Драги пријатели, клиенти, соработници, колеги, честит Велигден на сите оние што славите!

Како што е редот, Ви посакуваме мигови исполнети со насмевки.

#Велигден #Радост

Вчера ја славевме многувековната култура на Ромите, незнајни и знајни - роднини, пријатели, колеги, соработници.А денес ...
09/04/2026

Вчера ја славевме многувековната култура на Ромите, незнајни и знајни - роднини, пријатели, колеги, соработници.

А денес не ни требаат големи зборови.

Затоа што Ромите се луѓе доволно „големи” како и сите други – со огромни потенцијали. Луѓе со историја и полно право на светла сегашност и иднина!

#8Април #МеѓународенДенНаРомите #Инклузивност

Address

Nikola Parapunov 27/4/3
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Chapter 4 Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Chapter 4 Macedonia:

Shortcuts

Share