Division

Division Full-service marketing agency. Extraordinary marketing since 2001.

We are a team of professionals experienced in graphic design, production and post-production, event management, market research and so much more. Our goal is to create the perfect presentation for each one of our clients, and our skills and extraordinary team work allow us to do so. We develop complete marketing solutions, beginning from in-depth market research, planning and organization, all the way to high quality execution and evaluation.

Не е секој ден Велигден! Но, денеска е! Затоа, уживајте со најблиските со радост, надеж и многу љубов! Честит Велигден!
12/04/2026

Не е секој ден Велигден! Но, денеска е! Затоа, уживајте со најблиските со радост, надеж и многу љубов! Честит Велигден!

Прва година учество - добиена награда во двете категории во кои бевме номинирани! 🙌 🎉 Вчерашната вечер на BEAM - Best Ev...
06/03/2026

Прва година учество - добиена награда во двете категории во кои бевме номинирани! 🙌 🎉

Вчерашната вечер на BEAM - Best Event Awards Macedonia не можеше да помине подобро, чувството со кое заминавме, но кое нѐ држи и денес е огромна возбуда, гордост и задоволство. Да се добие признание од колеги со долгогодишно и богато искуство во евент и маркетинг индустријата, да се биде во друштво и конкуренција на одлични настани и да се понесе признанието за најдобри во категориите Најдобар настан за бренд активација и Најдобар експо настан е навистина неописливо. Овие признанија се со уште поголема симболика, бидејќи ги добиваме годинава, кога Дивисион слави 25 години постоење.

Огромно браво и благодарност до тимот на БЕАМ Фестивал за целата идеја, иницијатива и реализација, како на вчерашното издание, така и за сѐ што имаат постигнато досега. Се радуваме дека во земјава се развиваат настани и манифестации од овој тип и се надеваме дека ќе бидеме сведок и дел од уште многу успешни изданија на фестивалот.

Посакуваме уште многу интересни и креативни настани и годинава, со кои заеднички ќе ги подигнуваме нивото и стандардите, но и меѓусебно ќе се предизвикуваме да создадеме нешто уште подобро, па следната година повторно да се сретнеме и да оддадеме признание на целиот труд и креативна енергија кои ги вложуваме во она што го работиме.

Оваа награда е наша, колку и на нашите драги dm drogerie markt Makedonija, без чија доверба немаше да имаме можност да бидеме дел од оваа посебна приказна. Нѐ радува што низ целиот процес и сите предизвици никогаш не изостана прекрасната соработка и комуникација, што го прави целото искуство уште подрагоцено. 💚

Shout out до целиот Дивисион тим, бидејќи со овој проект покажавме уште еднаш дека, кога се работи посветено, со љубов и голема енергија, може да постигнеме сѐ што ќе замислиме. To many more and may the birthday year begin! 🥂

*photo credits: Стефан Рајхл

Со огромна гордост споделуваме дека Division е номиниран во две категории на .festival  🥳-Најдобар настан за бренд актив...
26/02/2026

Со огромна гордост споделуваме дека Division е номиниран во две категории на .festival 🥳

-Најдобар настан за бренд активација
-Најдобар експо (саем) настан

Ова признание е резултат на тимска посветеност, креативност без граници и доверба што мотивира.

Голема благодарност до за довербата и за можноста заедно да стоиме зад проекти што ја оживуваат бренд приказната на најавтентичен начин.

Се гледаме на 05.03! 🙌

01/01/2026

Тимот на Division ви посакува среќна Нова и среќни празници! 🫶🏻

Во годината што измина највредни беа убавите траги што ги оставивме едни кај други, во сите заеднички проекти, моменти, средби.

Затоа, и оваа нова 2026 нека за сите нас биде година на автентичност, нови креативни поглавја и убавина што ќе ја создаваме заедно. ✨

Годината и овој наш циклус ги завршуваме happy, баш како што доликува, со нашиот најсладок проект за годинава, Happy x S...
31/12/2025

Годината и овој наш циклус ги завршуваме happy, баш како што доликува, со нашиот најсладок проект за годинава, Happy x Smarties. Чоколадното дуо што веќе ни стана омилено за споделување со најблиските и што совршено се вклопува во празничниот ритам.

Кога Витаминка ни ја довери веста за овој нов спој, Happy Smarties, знаевме дека пред нас имаме задача која се работи со конкретен маркетинг план, многу љубов и радост.

Нашиот креативен процес започна со прашањето како на најдобар начин да се спојат овие две легендарни имиња во една визуелна приказна. Од тизер фазата, која ја подгреа љубопитноста, па сѐ до лансирањето на целосната кампања, нашиот тим се погрижи секој сегмент да биде беспрекорен.

Почнавме од идејата и визуелната приказна, па полека ја градевме комуникацијата со која го лансиравме новиот производ. Се работеше на креативен концепт за интегрирана кампања, слоган, амбалажа, радио, анимации и дигитални содржини, сè во истиот разигран манир.

Горди сме што стоиме зад целиот процес и што токму со ваков проект ја испраќаме годината. Со насмевка го заокружуваме ова поглавје и со истата енергија продолжуваме понатаму, во новата 2026!

29/12/2025

Заедно со клиентот Sara Fashion традиционално ги дочекуваме празниците на најдобар начин и ја испраќаме годината со креативен концепт за кампања за новите празнични и новогодишни колекции.

И оваа година проектот опфати дефинирање на креативната насока и концептуалната рамка за реализација на фото и видео сесија и продукција, како и финална постпродукциска обработка на кампањата. Брендот кој е синоним за удобност во текот на целата година, за овие празници е и синоним за вистинска семејна радост.

Токму затоа фокусот беше на создавање јасен и препознатлив визуелен идентитет што ќе ја пренесе празничната атмосфера на едноставен и автентичен начин ќе ја прикаже примамливата колекција наменета за целото семејство.

Преку внимателно избрана палета на бои, во пријатен амбиент и преку соодветни реквизити и пози, создадовме визуелен пристап кој ја следи филозофијата на нашиот клиент Сара Фешн, а тоа е квалитетот, комфор и функционалноста.
Таа доследност е причината зошто секоја соработка ја гледаме како можност за понатамошен развој и заеднично унапредување во работата.

Горди сме на процесот, на партнерството и на финалниот резултат, и со ентузијазам го очекуваме сè она што допрва ќе го реализираме заедно и во новата година.

26/12/2025

Vitaminka по којзнае кој пат ни донесе нешто ново и вкусно што веднаш го засакавме.

Годинава, еден од тие производи беше линијата Fit In, здравите колачиња. Нашата улога беше да ја обликуваме таа приказна во визуелно примамлива амбалажа и да ѝ дадеме изглед што ќе ја издвои на полиците и ќе стигне до сите кои сакаат нешто вкусно, брзо и здраво.

Затоа, пристапивме внимателно и со многу љубов, за да добиеме јасен идентитет и препознатлив визуелен карактер.

Процесот започна со запознавање на самиот производ, неговата намена и ритамот во кој се вклопува. Линијата опфаќа седум различни вкусови, секој со свој карактер. Тоа значеше и дизајнирање на седум кутии за секој од вкусовите. Преку бои, форми и внимателно одбрани детали, секоја амбалажа ја раскажува сопствената приказна, а заедно создаваат модерна, јасна и лесно препознатлива целина. Избравме чист, современ и функционален дизајн кој привлекува, но и природно ја надополнува самата суштина на производот и неговиот состав.

Горди сме што стоиме зад визуелниот идентитет на новата Fit In линија и благодарни сме на Витаминка за довербата и за оваа нова слатка опсесија, која ја обожаваме!

24/12/2025

Што сѐ може да се случи во кампања од 7 дена?! - Ова прашање есенва успешно си го одговоривме заедно со нашиот ценет клиент Toyota.

Со јасна цел, стратегија и внимателно планирана креативна насока, „Неделата на Toyota“, која годинава се одржа од 13 до 19 октомври, прерасна во динамична кампања, насочена кон промоција на нови и користени возила во новиот Тоyota салон.

Иако самата кампања траеше една недела, подготовките започнаа нешто порано, со разработка на креирањето силна и доследна комуникација што ќе допре до сите љубители на автомобилите и ќе ја поддржи промотивната акција уште посилно.

Преку интегриран пристап што опфати радио, билборди, дигитална кампања, како и брендинг на Corolla Sedan, создадовме единствено и усогласено присуство на сите комуникациски канали.
Секој елемент беше внимателно осмислен за еднонеделниот проект да функционира како целосно бренд-искуство и да го достигне својот пик.

Овој проект ни потврди дека со јасна визија и добра соработка и ваквите фокусираните кампањи можат да остварат голем успех.

Благодарни сме на Toyota за партнерството и можноста заедно да реализираме ефикасна, динамична и релевантна комуникација.

23/12/2025

Еј, ај да бидеме реални…колку голем креативен предизвик беше креирањето на нашата прва AI генерирана реклама за нашиот клиент Neotel MKD. Еден од проектите што дефинитивно ја одбележа годината беше оваа интегрирана кампања, која комбинираше ТВ, радио, дигитална комуникација и секако дополнителни промотивни материјали и брендинг.

Неотел како и секогаш беа отворени и спремни за нова авантура, што годинава значеше прва за нив и нас AI генерирана кампања. Ново искуство за двете страни, што значеше истражување, адаптирање на креативниот процес, и дефинитивно забава за целиот тим. Не само што AI нè предизвика нас, туку и ние го предизвикавме AI со нашите промптови и многу обиди за успешен краен резултат и одлична интегрирана кампања.

Преку хумористичен и едноставен пристап, целиот проект носеше јасна, привлечна и запаметлива порака, блиска до широката публика. Процесот од нас бараше детална работа поделена во неколку фази; како што беше режисерскиот третман и креирање на AI-генерираните ликови, анимацијата и монтажата. Нашиот тим преку неуморна работа, успеа да ги постигне посакуваните резултати, a доследната и ефективна комуникација, донесе надминување на таргетот за дури 45%.

Кога стратегијата и креативноста се комбинирани со спремност за користење на нови технологии, а клиентот ја дава најдобрата подлога - довербата, тогаш, може да се создаде нешто навистина иновативно и посебно. Благодариме Neotel MKD за партнерството и можноста заедно да реализираме нови, смели и ефективни проекти.

19/12/2025

Токму пред претстојните новогодишни здравици се навраќаме и на сите убави соработки и моменти заедно со нашиот клиент Тиквеш. Еден од нив беше креирањето на дигиталната кампања за нивниот нов производ, Бела ракија.

Процесот започна со внимателно креирање на концептот за фото и видео материјалите преку детални moodboard-и, внимателен избор на локации и осмислување на секој визуелен момент. Важен беше секој детал, од светлината и специфичните кадри до атмосферата, за да се создаде автентично дигитално доживување.

Сакавме Белата ракија да зборува сама за себе преку минимализмот и модерната естетика, па така кампањата се разви како визуелен наратив кој е ненаметлив, а сепак исклучително со карактер, прилагодлив за својата избрана публика.

Горди сме на крајниот резултат, на целиот креативен процес и на соработката со Tikveš Winery - Винарија Тиквеш на кои им благодариме за довербата и креативната слобода. Ваквите проекти се вистинската причина зошто го сакаме она што го работиме, кога традицијата и урбаниот израз се сретнуваат на вистински начин.

16/12/2025

Втора година по ред, втора сезона и повторно истото задоволство да се биде дел и да се работи на поткастот „Женски ритам“, кој dm drogerie markt Makedonija го организира со многу љубов, внимание и желба да ги поддржи жените во сите сегменти од животот.

Овој проект за нас секогаш започнува многу пред да се вклучат камерите. Со идеи што се разглобуваат до најситен детал, долги разговори и истражување, сè со цел- секоја епизода да биде искрена, корисна и блиска за гледачите.

Нашиот тим, заедно со dm_makeodnija, стои зад секој дел од оваа инспиративна приказна. Од атмосферата и изгледот на студиото и естетиката, до концептот на самите епизоди и темите кои се обработуваат, па сѐ до целокупната продукција и постпродукција, секој елемент беше внимателно осмислен за разговорите да течат природно, а мотивирачките, информативни и инспиративни пораки да стигнат до публиката.

Новата сезона донесе разговори што минуваа лесно, благодарение на прекрасните гости и Живкица, која со сигурност и топлина го водеше секој разговор.

Процесот беше долг и бараше многу внимание, но токму во тоа е убавината на ваквите проекти. Благодарни сме на сите што беа дел од оваа сезона, на прекрасната енергија пред и зад камерите, и особено на dm drogerie markt Makedonija за довербата и соработката што секогаш ја чувствуваме како вистинско партнерство.

Сега, со насмевка ги гледаме изминатите епизоди и со нетрпение го чекаме сето она што допрва ќе го создаваме во креативниот ритам кој ни е толку драг.

15/12/2025

Кога помислуваме на адреналин, креативност и позитивна енергија, секако, се навраќаме на проектите реализирани со Скопје Сити Мол, а особено на препознатливиот Late Night Shopping, настан кој секоја година создава незаборавно искуство.

И оваа година имавме задача да го осмислиме визуелниот изглед на настанот, како и активностите за активација со посетителите. Целта беше јасна: полни ходници со расположени и насмеани посетители, одличен шопинг и супер забавна атмосфера што пулсира до доцна во ноќта.

Со идеја годинава да понудиме и нешто ново, во рамки на самата промоција и најава на настанот изработивме наменска CGI анимација и направи соодветно интро за најновото издание на настанот. Нашиот тим работеше на сите промотивни материјали, како и на осмислување на сите интерактивни зони, каде посетителите имаа можност да добијат екстра подарок и изненадување.

Како агенција, ни беше важно ова да биде настан кој ќе изгледа впечатливо и ќе функционира беспрекорно, водејќи ја публиката низ целиот концепт како низ интерактивна приказна.

Горди сме што бевме дел и од овој Late Night Shopping и искрено сме благодарни за довербата на Скопје Сити Мол и за можноста да ги претвориме идеите во настан за паметење.

Address

Ul 1732 Br. 4
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Division posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Division:

Share