18/02/2016
ХОТЕЛ КВИНС - Скопје
Ова е модерен, луксузен и удобен хотел, на само пет минути одење од центарот на Скопје. Таму ќе најдете се што Ви е потребно за мир и релаксација за време на Вашата посета на Македонија, во модерно декорирано место со одлична услуга.
Хотелот е декориран во согласност со најновите светски трендови на интерен дизајн, употребувајќи префинети комбинации на мермер, стакло и кристали, кои даваат уникатен изглед, создавајќи пријатна атмосфера.
Изберете што Ви одговара најмногу помеѓу 24 еднокреветни и двокреветни соби, двете шармантни аголни соби со поглед кон центарот на Скопје и кон врвот на планината Водно, или еден од шесте апартмани.