10/06/2026
🇪🇺📸 Голем интерес за дискусијата со амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип
Со големо присуство на студенти, професори, академски кадар, претставници на граѓански организации и граѓани, денес на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип се одржа дискусија со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михалис Рокас.
Настанот предизвика значителен интерес кај присутните, кои имаа можност директно да поставуваат прашања и да разменат мислења за актуелните европски теми. Во фокусот на дискусијата беа процесот на проширување на Европската Унија и можностите Северна Македонија да го забрза својот евроинтегративен пат, како и предизвиците и очекувањата поврзани со новиот систем за влез и излез (EES) на надворешните граници на ЕУ.
Дополнително, беа отворени прашања поврзани со граничните процедури за македонските граѓани при патување во земјите членки на Европската Унија, како и теми од областа на меѓународното право и правото на Европската Унија.
Дискусијата овозможи отворен дијалог меѓу амбасадорот Рокас и присутните, при што беа разменети различни ставови и искуства за иднината на европските интеграции и улогата на младите и академската заедница во тој процес.
📷 Во продолжение погледнете дел од атмосферата преку нашата фото галерија.